(ВИДЕО) Дрога, банди и насилство: Мрачна страна на Светското првенство во Бразил

Од:

Иако на прв поглед изгледаше дека е добра идејата Бразил, да биде домаќин на Светскиот куп во фудбал 2014 година, оваа одлука предизвика големи социјални немири ширум државата.

Според проценките бразилската влада за организација на ова Светско првенство, потрошила 14 милиони долари, со што ова натпреварување го прави најскапо во историјата на Мундијалот.

Оваа цифра предизвика револт кај граѓаните, од кои многумина мислат дека и владата е корумпирана, а тие мораат да гледаат како парите се трошат за изградба на стадиони и полиција, додека сиромаштијата и социјалните прашања се игнорираат.

nasilstvoSP-brazil

Незадоволството доведе до насилство и антивладини протести, кои започнаа во јуни минатата година, а пред почеток на натпреварот станаа по интензивни и поголеми.

Илјадници луѓе ги парализираа градовите ширум државата, кога за 20 проценти беше зголемена цената на градскиот превоз. Полицијата одговори со бруталност, што предизвика уште поголем револт кај населението, кое започна со помасовни протести. Протестите беа значителни затоа што укажуваа на големите класни разлики кои постојат во Бразил.

Младите од Рио де Женеиро заедно со демонстрантите се бореа против репресијата која ја покажуваше полицијата.

Благодарение на Светскиот куп, ФИФА стана нивен непријател, бидејќи оваа водечка фудбалска организавија ја сметаат за нескротлив капитализам. Владата во Бразил на демонстрациите одговори со голем број полиција и војска ширум државата.

Наспроти пресметките помеѓу властите и граѓаните, масовни демонстрации се одржуваа ширум државата и додека фудбалските репрезентации започнаа да пристигнуваат во Бразил.

Екипата на „Вајс Њуз“ ја сними состојбата во Рио де Женеиро и забележа како брзилската влада се бори со сузбивање на криминалот, дрогата и демонстрациите на чело со војската и полицијата.

Е. Г.