(ВИДЕО) Драма во автобус во САД: Патник бараше да излезе, па извади пиштолот на возачот, а потоа настана хаос

Од:

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога возач на автобус и патник во САД пукале еден кон друг додека автобусот се уште бил во движење, откако се расправале за застанување.

Омари Шариф Тобијас (22) се возел во автобус на 18 мај кога станал и го замолил возачот да му дозволи да се симне помеѓу официјално одредените постојки.

Возачот Дејвид Фулард му рекол дека тоа не е можно и дека ќе мора да почека на следното одобрено застанување.

По две минути расправија, Тобијас извадил огнено оружје и го вперил директно во возачот.

Фулард, меѓутоа, имал и огнено оружје и двајцата пукале еден кон друг.

Безбедносните снимки од автобусот покажуваат дека Фулард на крајот го запрел автобусот за да ја тргне настрана бариерата на возачот, која била скршена од куршуми.

Тобијас почнува да ползи кон задниот дел на автобусот додека Фулар испука уште еден истрел.

На крајот, Тобијас излегол од страничната врата на автобусот, но Фулард излегол од влезната врата и повторно го застрелал.

Двајцата се во стабилна состојба и се очекува да се опорават од повредите.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат