ВИДЕО: Додека јужна Европа „се пржи“, во Москва падна снег

Од:

Во московскиот кварт Зјузино денеска падна неочекуван снег, за метеролозите феномен невообичаен за овој период од годината, кога во Европа просечните температури се над 30 степени целзиусови.

Кога прогнозата била соопштена во четвртокот наутро од хидрометеоролошкиот центар, метеоролозите не кажале ништо за можност за снег, кој веќе пристигна во главниот град на Русија, пренесува весникот „Известија“.

Снегот во Москва доаѓа во период кога јужниот дел од европскиот континент е под влијание на жежок бран со температури и над 40 степени.

Синоптичарите најавиле слаб дожд и температура до 24 целзиусови степени во Москва и околните области, пишува рускиот весник.

Сепак, температурата на воздухот во руската област била околу три степени целзиусови, што е сосема погодно за врнежи од снег, соопштија руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он