(ВИДЕО) Дете во Англија го однесе ветрот додека беше во топка, заврши во болница

Од:

Дете (9) во Ливерпул, кое беше во зорб топка, од силниот ветер беше однесено во воздух. Деветгодишното момче зорбираше за време на фестивалот за храна и пијалоци во Саутпорт во Мерсисајд.

Зорбинг е екстремен вид на спорт или рекреација измислен во Нов Зеланд во кој луѓето се движат во топка направена од полупроѕирна пластика.

Момчето со хеликоптер беше пренесено во детската болница Алдер Хеј по инцидентот. Тој се здоби со повеќе повреди кои не се опасни по живот.

„Дуваше силен ветер и ја изнесе топката со момчето од вода. Зорбот потоа падна на кофата и пукна, а момчето падна на подот“, рече еден од сведоците на настанот, пренесува Дејли мејл.

Би можело да ве интересира

„Заглавен сум, а татко ми не дише“: Возило излетало кај Дреново, а осумгодишното дете и покрај повредите успеало да се јави на 112

Орце Костов

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв

(ВИДЕО) Маскирани лица влегоа со мртовечка кола на теренот на фудбалски натпревар во Англија

А1он

Англиската црква сака да им дозволи на геј паровите да добиваат свештенички благослов

ВИДЕО: Англичанец ја запали сосетката и нејзините две деца бидејќи му пречело ѓубрето