ВИДЕО: Десетици загинати во ураганот Ијан во САД

Од:

Бројот на загинати од ураганот Ијан во САД се искачи на 27, откако вчера попладне властите на Флорида ја потврдија смртта на неколку лица кои се удавиле, како и други жртви.

dobivaj vesti na viber

Според Си-Ен-Ен, на Флорида загинале најмалку 45 лица.

Меѓу загинатите на Флорида има и 22-годишна жена, како и 71-годишен маж.

Уште три лица загинаа во Куба. Вистинскиот број на загинати во земјата се очекува значително да се зголеми откако службите за вонредни состојби ќе успеат да ги пребараат областите најтешко погодени од невремето. Струја се уште нема на повеќе места во земјата.

Откако смртоносната бура предизвика хаос во Флорида, ураганот Ијан вчера се спушти на брегот на Јужна Каролина, поплавувајќи цели населби. Над 55 илјади домаќинства во државата останаа без струја.

Во меѓувреме, Ијан се намали на посттропски циклон.

Би можело да ве интересира

САД најавија нов пакет санкции кон Северна Кореја

Пет лица пронајдени мртви во куќа во предградие на Чикаго

САД размислуваат да ја прогласат групата Вагнер за терористичка организација

Ана Ололовска

САД: Хаким Џефрис избран за лидер на демократите во Конгресот

Ана Ололовска

Блинкен: НАТО загрижен поради военото јакнење на Кина

Ана Ололовска

Кирби: САД со сите сили и помагаат на Украина да ја поправи својата енергетска мрежа

Ана Ололовска