ВИДЕО: Снимки од силниот земјотрес во Јапонија, десетици повредени

Од:

Десетици повредени и околу милион домаќинства без струја. Ова засега е билансот од силниот земјотрес со јачина од 7.3 степени по Рихтер кој го погоди источниот брег на Јапонија. Трите нуклеарни централи работат без проблем.

Сведоците од Фукушима каде земјотресот се почувствува најсилно велат дека чувствувале тресење десетина минути. Телевизиските снимки покажуваат искршени излози на многу продавници. Локалните медиуми јавуваат дека има триесетина повредени, но веројатно со помали повреди.

Околу 950.000 домаќинства останале без електрична енергија, изјави портпаролот на јапонската влада Катсунобу Като. Без струја главно останал североистокот на Јапонија, вклучутелно и Фукушина и соседните префектури.

Блиските нуклеарни централи „Фукушима Даичи“, „Даини“ и Кахивазаки-Карива“, работата без тешкотиите, соопшти операторот Tokyo Electric Power (TEPCO).

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико