ВИДЕО: Демонстрантите во Јемен го запалија знамето на Израел

Од:

Стотина демонстранти излегоа на улиците во Јемен за да го изразат своето незадоволство од новиот договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Незадоволните демонстранти маршираа низ улиците на градот Аден, носејќи транспаренти на кои се осудува договорот, тие за време на протестот го запалија знамето на Израел.

Генералниот секретар на Националниот совет, Ријад Али Фархан, изјави дека целта на овој протест е да му биде испратена порака на светот дека граѓаните на Јемен се држат до своите вредности и не се променливи.

„Ние стоиме заедно со браќата од Палестина и Ерусалим. Тоа ќе остане наша позиција, со генерации во иднина“, додаде Фархан.

Би можело да ве интересира

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски