А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

ВИДЕО: Демонстрантите во Хонгконг кршеа излози, нереди во метрото

by А1он10/11/2019 - 10:3542
Share0

Демонстрантите во Хонгконг денеска кршеа излози во трговски центар и билборди во метро станици во знак на протест против вчерашното апсење на продемократски пратеници.

Во автономната кинеска територија Хонгконг веќе шест месеци се одржуваат протести кои почнаа поради предложениот закон за екстрадиција на обвинети во Кина, а потоа се проширија со барања за поголема демократија.

Властите по денешните немири затворија метро станица во квартот Ша Тин, но досега не се извршени апсења.

Во друг инцидент, триесет демонстранти упаднаа во трговски центар во Куен Мун и кршеа излози и фрлаа маси во ресторан.

Вчера се приведени седуммина продемократски пратеници уапсени и се соочуваат со можни апсења, соопшти полицијата во Хонгконг.

Тројца пратеници се приведени и обвинети за попречување на работата на собранието за време на состанокот на 11 мај на кој се расправаше за одложениот закон за екстрадиција. Другите биле повикани да се појават во полициски станици.

Демократските пратеници веруваат дека овој притисок од страна на Владата ќе предизвика поголемо насилство и ќе се искористи како изговор за одложување или откажување на окружните избори кои треба да се одржат на 24 ноември.

hongkong

Би можело да ве интересира

Уапсени 11 лица со оружје пред денешните протести во Хонгконг

Татјана Ташкова08/12/2019 - 11:22

Рекорден одзив на локалните избори во Хонгонг

Татјана Ташкова24/11/2019 - 10:06

По пет месеци протести денеска 4,13 милиони гласачи излегуваат на локални избори во Хонгконг

Татјана Ташкова24/11/2019 - 08:51

Поранешен агент на ЦИА осуден на 19 години затвор поради шпионажа

Татјана Ташкова23/11/2019 - 08:4123/11/2019 - 09:48

Трамп: Без мене Хонгонкг ќе беше смачкан за 14 минути

Татјана Ташкова22/11/2019 - 17:32

Кина предупреди дека ќе одговори на „неконтролираните“ немири во Хонгконг

Татјана Ташкова18/11/2019 - 19:26
FacebookLike
TwitterFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

Member of Clip Media Group
@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео