ВИДЕО: Демонстрант ја загуби раката во детонација на граната на протестите на „жолтите елеци“

Од:

Протестите на „жолтите елеци“ во Париз најбрутални досега. Во новите судири меѓу полицијата и демонстрантите, еден демонстрант е тешко повреден, во детонација на граната ја загуби раката.

Граѓаните и демонстрантите, на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од тешко повредениот маж.

Француската полиција, за време на протестите употреби солзавец за да ги растера гневните демонстранти. Демонстрантите возвраќаа , на дел од видео снимките може да се види демонстрант како удира полицаец во лице, по што полицијата ја засили репресијата.

Ова е 13-ти викенд по ред во Франција каде масовно секоја сабота се одржуваат протести на „жолтите елеци“.

Би можело да ве интересира

Ирак: Од почетокот на бунтот досега убиени речиси 550 луѓе, повредени околу 30.000

На протестот на Жолтите елеци во Париз уапсени 59 луѓе

Макрон: Кризата со „жолтите елеци“ ме наведе да го променам ставот кон граѓаните

ВИДЕО: Нови демонстрации на жолтите елеци – осумнаесет лица се уапсени

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Се судрија прокинеските и продемократските демонстранти во Хонгконг

Полицијата ја врати контролата врз Парламентот во Хонг Конг