ВИДЕО: Четворица повредени во напад со нож кај поранешните канцеларии на Шарли Ебдо

Од:

Четири лица се повредени во напад со нож во близина на поранешните канцеларии на францускиот весник Шарли Ебдо во Париз, информираше премиерот Жан Кастекс.

Списанието беше мета на смртоносен терористички напад во 2015 година.

„Се случи сериозен инцидент во Париз, нападот со нож беше извршен пред поранешното седиште на Шарли Ебдо. Четворица се повредени, од кои двајца се во сериозна состојба“, рече премиерот Жан Кастекс.

Според медиумите кои се повикуваат на информации од полицијата, осомничениот е веќе уапсен.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано