ВИДЕО: Бројот на жртви во Индонезија се искачи на 844 лица, по земјотресот и цунамито

Од:

Во силниот земјотрес и цунамито што го погодија индонезискиот остров Сулавеси загинаа најмалку 844 лица, а повеќе од 50 000 луѓе се евакуирани и сместени во центрите, покажаа најновите податоци објавени од страна на Националната агенција за справување со катастрофи.

Повеќето од жртвите, додаваат од агенцијата, се од градот Пал бидејќи на агенцијата сè уште ѝ фалат податоци за луѓе кои се водат за исчезнати од крајбрежните градови бидејќи до таму патиштата се непроодни, нема електрична енергија, а не работат ниту телефоните.

Потрага по исчезнатите лица продолжува и денеска.

Властите соопштија дека стравуваат од ширење инфекции, а исто така објавија и дека денеска ќе почне погребот на жртвите во масовните гробници.

Претседателот на Индонезија, кој вчера го посети островот погоден од природните катастрофи, додаде дека спасувачките екипи ќе работат деноноќно за да им помогнат на оние кои се засегнати.

Индонезиските служби за итни случаи во соопштението објавено утрово посочија дека бројот на жртвите од земјотресот и цунамито на островот Сулавеси, кој се зголеми на 844 лица, се стравува дека може да биде поголем.

Земјотресот, кој беше со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, предизвика цунами во петокот вечер. Катастрофалните последици од земјотресот, исто така, беа и снимени од беспилотното летало.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина