(ВИДЕО) Борец од челичарницата Азовстал: Секој ден би можел да ни е последен

Од:

Украински војник од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол зборуваше за ужасните услови во кои се наоѓаат војниците и цивилите. Тој рече дека преостанатите бранители „претрпеле големи загуби“ додека продолжуваат жестоките напади на Русија.

Поручникот Илја Самоленко, припадник на Азовскиот полк, изјави за Sky News дека бројот на повредени и убиени војници е „многу голем“ и дека војниците заслужуваат соодветна грижа.

„Никој не очекуваше дека ќе издржиме толку долго против Русите, но ние се уште се бориме. Имаме големи, тешки загуби“, рече тој. Украинските власти веруваат дека околу 100 цивили останале во фабриката за челик, но Самоиленко рече дека, колку што знае, сите биле евакуирани.

Тој додаде дека имаат „исклучително ограничени ресурси“ и веруваат дека „секој ден може да ни биде последен“. „Нашиот живот не значи ништо, но нашата борба значи сè“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин