(ВИДЕО) Борба против расизмот: Во Берлин формиран ланец од луѓе долг 9 километри

Од:

Повеќе илјади луѓе во Берлин денеска се наредија еден до друг, формирајќи ланец, со цел да испратат порака против расизмот, дискриминацијата и општествената нееднаквост.

Од полицијата тврдат дека на собирот учествувале 5 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле 20.000.

Учесниците, поврзани со ленти во боја, формирале „врвка на солидарноста“, пренесуваат странските агенции.

Организаторите на едночасовниот протест инсистирале учесниците да носат маски за заштита и да држат дистанца за време.

Слични демонстрации, само во помал обем, се одржаа и во други германски градови.

Минатиот викенд на улиците на Берлин излегоа најмалку 15.000 луѓе. Тоа беше еден од низата протести ширум светот кои се одржуваат по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен во тек на полициска акција во американскиот град Минеаполис.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес