(ВИДЕО) Бил Гејтс: Една доза од новата вакцина нема да биде доволна во борбата против коронавирусот

Од:

Основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс гостувајќи на националната американска телевизија „Си-Би-Ес“, изјави дека една доза од вакцината нема да биде доволна во борбата против смртоносниот вирус.

„Како што стојат работите во моментот, ќе биде потребна повеќе од една доза на вакцината против коронавирус, а на повозрасните можеби ќе им бидат потребни три“, изјави Бил Гејтс.

Тој во интервјуто рече дека за да се пронајде соодветна вакцина против коронавирусот е потребен голем напор, на глобално ниво.

“Во моментов, се чини дека ниту една од вакцините што се прават во единечна доза не се доволни за да го заштитат човекот. Можеби вакцините што ќе бидат направени подоцна ќе не изненадат позитивно. Но, засега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби тие ќе треба да земат повеќе од две дози“, додаде Гејтс.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

Меџити: За една недела имунизирани над 10.000 граѓани

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска