(Видео) Без вина минал 27 години во затвор, сега добива по милион долари за секоја од нив

Од:

Марк Шанд (55) од Хартфорд, Масачусетс, минал скоро 30 години во затвор за убиство што не го извршил, а сега порота на сојузно ниво одлучи да му додели обемна отштета од 27 милиони долари, пренесоа медиумите.

Поточно, тој добива по милион долари за секоја година што ја поминал во затвор. Кога била изречена одлуката на поротата, сите во судницата почнале да плачат.

Шанд бил осуден на доживотен затвор без можност за помилување поради убиството на Викторија Сејмур во 1986 година.

Жртвата, мајка на три деца, била застрелана на улица откако зделка меѓу дилери на дрога тргнала наопаку. Меѓу дилерите биле и браќата Стоук.

Полицајците го идентификувале Марк како локален криминалец и приложиле негова фотографија на детективите од Спрингфилд со цел да им помогнат да го идентификуваат убиецот.

Три недели подоцна, сведок им кажал на истражителите дека е 50 проценти сигурен оти Шанд ги испукал смртоносните куршуми. Браќата Стоук го идентификувале Шанд како пукачот, а го потврдиле исказот и на судењето.

Непрофитна организација која ги презема случаите на луѓе за кои има сомнежи дека се погрешно осудени, го презеде овој случај во 2010. година, 23 години по одлуката.

Тие пронашле нови сведоци, случаи на лажно сведочење и кршење на законот од страна на сега пензионирани полицајци.

Исто така пронашле и сведок кој го потврдил алибито на Марк дека бил оддалечен неколку километри од местото каде се случило пукањето. Ново судење за случајот започна во март 2013 година, а судијата нареди Марк да биде ослободен од затвор во октомври истата година.

По повеќегодишни судски заплети, судот неодамна пресуди на Шанд да му бидат исплатени по милион долари за секоја година мината во затвор, односно вкупно 27 милиони. Сепак, според зборовите на Марк, тоа не е најубавата вест, туку фактот дека неговата сопруга Миа цело време го чекала и се борела вистината да победи.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он

Спречено филмско бегство од затворот во Риека

Најбараниот криминалец во Еквадор исчезна од затвор

После 20 години зад решетки, жена е прогласена за невина за смртта на нејзините деца