ВИДЕО: Берлускони тврди дека е невин, ги обвинува судиите за прогон

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ги обвини денеска судиите за прогон, откако судот во Милано го осуди на седум години затвор поради аферата „Рубигејт“, истакнувајќи дека е „целосно невин“.

– Навистина бев убеден дека ќе бидам ослободен, бидејќи немаше шанси да бидам прогласен за виновен врз основа на фактите кои се изнесени, изјави Берлускони.

Тој нагласи дека „има намера да му се спротивстави на прогонот“ бидејќи не е виновен.

– Не сакам да се откажам од борбата од Италија да создадам слободна и праведна земја, додаде Берлускони.

Во рамки на „случајот Руби“, наречен по младата Мароканка Карими ел-Маруг – Руби, 76-годишниот Берлускони беше обвинет за вмешаност во малолетничка проституција за време на „бунга-бунга“ забавите во неговата вила и за злоупотреба на службената должност при обидот за нивно прикривање.

Според одлуката на Судот, Берлускони нема да може до крајот на животот да извршува државни функции.

Поранешниот италијански премиер е обвинуван дека бил во врска со младата Мароканка додека таа се уште била малолетна, за што добивала подароци и готовина. И тој и Руби негираат дека имале сексуални односи.

Судскиот процес започна во април 2011 година, а до стапувањето во сила има уште две жалбени нивоа за пресудата – Апелацискиот и Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши