ВИДЕО: Бајден за прв пат ја посети границата со Мексико

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна на границата на Соединетите Американски Држави и Мексико, каде што се слеваат рекорден број мигранти и која ја посетува првпат од почетокот на неговиот мандат. Американскиот претседател, кого републиканската опозиција го обвинува дека замижува пред кризата, се сретна со граничната полиција во градот Ел Пасо во Тексас.

По излегувањето од авионот, го пречека конзервативниот гувернер на Тексас, Грег Абот, кој го обвинува демократскиот претседател за пропустливост на границата.

Посетата на Бајден на јужната граница на САД е првиот дел од тридневното патување во Мексико посветено на миграциската политика и борбата против трговијата со дрога. Во главниот град на Мексико, Џо Бајден ќе учествува на самитот заедно со неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Во четвртокот, Белата куќа објави мерки за да се обиде да ја ослободи границата, каде во ноември беа уапсени повеќе од 230.000 луѓе.

Во 2021 година, САД и Мексико објавија дека го менуваат својот пристап кон политиката за злоупотреба на дрога и ќе се фокусираат на причините за трговијата со луѓе, по 15 години исклучиво воена стратегија.

На дневен ред ќе бидат и климатските промени и развојот на синџири за снабдување со електронски делови за да се намали зависноста на САД од Азија.

Би можело да ве интересира

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо