(ВИДЕО) Бајден: Не се осмелувајте да ги нарекувате демонстранти, тие беа домашни терористи

Од:

Трамп почна „целосен напад“ врз демократските институции во државата, нагласи денеска новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

Тој ги нарече демонстрациите пред Капитол едни од „најцрните денови“ во историјата на САД.

– Не се осмелувајте да ги нарекувате демонстранти. Тие беа насилна толпа. Востаници. Домашни терористи. Тоа е во основата. Толку едноставно, нагласи Бајден.

-Нашиот претседател не е над законот, тој го поттикна ова, не од сега и не од овде, додаде тој.

Според Бајден, ова било „комбинација од напади врз Уставот на САД и врз трите гранки на законодавната, извршната власт и судската власт“.

-Тоа се покажа со тоа што дури и „потпретседателот беше запрен во извршување на својата уставна надлежност, рече Бајден.

Тој денеска ја потврди кандидатурата за нов државен обвинител на Мерик Гарланд, кој ќе го предводи и Министерството за правда на САД. Негов заменик ќе биде Лиза Монако, додека Ванита Гупта е именувана за помошник на државниот обвинител а Кристен Калрк за помошник државен обвинител нa одделот за граѓанските права.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск