(ВИДЕО) Бајден на дебатата до Трамп: Ти си најрасистичкиот претседател во модерната историја на САД

Од:

Во САД се одржа последната дебата помеѓу кандидатите за претседател, Доналд Трамп и Џо Бајден, на која се дебатираше за борбата против Ковид-19, криминалот во земјата, даночните политики, како и за проблемите со илегалната имиграција.

Кандидатите се осврнаа и кон најновиот скандал во САД, околу обвинувањата дека демократскиот кандидат Џо Бајден бил вмешан во странски деловни зделки на неговиот син Хантер.

Извештаите во последните неколку денови покажаа дека Бајден учествувал во надворешни деловни зделки на неговиот син, дури и наводно долги години профитирал, објави весникот „Њујорк Пост“.

Доказите за вмешаноста на Бајден беа најпрвин откриени од поранешниот градоначалник на Њујорк и советник на Трамп, Руди Џулијани.

Оваа тема ја искористи Трамп во дебатата, додека Бајден негираше дека заработил пари од странски извори.

Карактеристично за последната дебата беше исклучувањето на микрофоните на кандидатите бидејќи тие не се слушаа меѓусебно за време на дебатата.

Во салата остро се дебатираше и за имиграциската политика, со тоа што Бајден ја осуди политиката на Трамп за разделување на семејствата на границата со Мексико, додека претседателот одговори дека администрацијата планира да ги обедини семејствата, но само на легален начин.

За разлика од Трамп кој го обвинуваше демократскиот кандидат за криминалните активности заедно со неговиот син, Бајден ја искористи аферата за неплаќањето на даноци на претседателот како главно оружје.

Тој неколкупати ги повтори обвинувањата кон Трамп дека не плаќа данок, на што претседателот одговори дека платил милиони долари.

Тие дебатираа и за политиките кон Афроамериканците и расизмот во државата.

„Доналд Трамп е најрасистичкиот претседател во модерната историја на САД“, рече Бајден, на што Трамп одговори дека тој е последната личност што треба да се набеди за расизам.

За време на дебатата, тие разговараа и за Кина, Северна Кореја, здравствениот систем, економијата и климатските промени.

Претседателот Трамп ги бранеше политиките за градење на добри односи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Да се има добар однос со лидерите на други земји е добра работа“, рече тој, на што Бајден одговори: „Имавме добри односи и со Хитлер пред тој да го нападне остатокот од Европа“.

„Секој што е одговорен за толку многу смртни случаи не треба да остане претседател на Соединетите Американски Држави“, рече Бајден за постапувањето на Трамп со пандемијата во која загинаа над 200.000 Американци.

„Не можеме да се заклучиме во подрум како што тој го прави тоа … на Бајден му прилега таа работа“, рече Трамп, повторувајќи ги неговите претходни пораки до Американците да не се плашат од вирусот.

Овие коментари ги содржеа двете различни визии за тоа како да се справи популацијата со пандемијата, но и со другите прашања кои беа презентирани од двајцата кандидати за највисоката функција во САД.

Како и на претходната дебата, така и на оваа, кандидатите не изградија заеднички став за било која тема, „обвинувањата и навредите беа главна карактеристика на последната дебата“, оценија аналитичарите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина човекот кој се самозапали пред судот каде што му се суди на Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски