(Видео) Автобус со ученици од Сплит се запали во тунел во Швајцарија

Од:

Во тунел во Швајцарија целосно изгоре автобус кој превезувал сплитски средношколци.

Како што јавува „Далмација данас“, учениците навреме излегле од автобусот и нема повредени во несреќата. Сплитските ученици кои престојувале една недела во Швајцарија, се враќале од скијање, кога моторот на автобусот ненадејно се запалил и патниците благодарение на брзата реакција на возачот успеале за излезат надвор.

Според наводите на еден родител, на дел од учениците им изгореле документите и мобилните телефони, а се запалиле и дел од куферите.

“Ми се јави синот по несреќата и веднаш нагласи дека сите се добро. Сепак, првиот час го поминав во нетрпеливост бидејќи не знаев никакви детаљи, а по час време успеав да го добијам синот. Автобусот се запалил и изгорел во тунел. Во Швајцарија изминативе седум дена престојуваат на зимовање бројни ученици од повеќе сплитски училишта кои со три или четири автобуси денеска се враќаат кон Сплит“, изјави еден од родителите.

Водичот на групата, Гордан Драшинац истакна дека швајцарските служби интервенирале 10 минути по несреќата, а на средношколците им биле издадени привремени документи.

Учениците со друг швајцарски автобус тргнале за Милано, каде ќе ги презеде хрватски превозник кој ќе ги одведе дома. Во автобусот имало 52 патници кои се враќале од скијање, од кои 48 ученици.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски