(ВИДЕО) Авион со транспарент „Повторно изгуби, Доналд“ прелета над имотот на Трамп

Од:

Набргу откако Доналд Трамп објави дека ќе се кандидира за следните претседателски избори во САД, авион прелета над неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида со транспарент на кој пишуваше: „Повторно изгуби Доналд! #DESANTIS2024“.

Трамп, 45-тиот американски претседател, кој беше од 2017 до 2021 година, во вторникот официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во САД во 2024 година.

Соработниците на Трамп поднесоа барање за претседателска кандидатура во 2024 година, додека Трамп доби голем број поддржувачи и обожаватели на неговиот луксузен имот на Флорида.

„Враќањето на Америка започнува токму сега“, им рече републиканскиот носител на своите донатори и поддржувачи и најави дека ќе ја започне својата кампања речиси две години пред вистинските избори, кои се закажани за 5 ноември 2024 година.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Се запленува имот на Трамп: Обвинителот презеде мерки

Горан Наумовски