(ВИДЕО) Авион се урна во Казахстан: Луѓето врискаа и плачеа, а потоа се слушна чуден звук

Од:

Казахстански авион со 98 патници се урна рано утринава непосредно по полетувањето, а официјални лица наведуваат дека досега се загинати најмалку 15 лица.

Властите наведуваат дека најмалку 66 лица се повредени, од кои 50 веќе се пренесени во болница.

Авионот на компанијата „Бек ер“ ја загубил височината по полетувањето од меѓународниот аеродром во Алмати и ја пробил бетонската ограда, пред да се удри во двокатна зграда.

Бизнисменот Аслан Назаралиев, кој ја преживеал несреќата за весникот „Времја“ изјавил дека авионот почнал да се тресе две минути по полетувањето.

-Во еден момент почнавме да паѓаме, не вертикално, туку под агол. Се чинеше како да е изгубена контролата врз авионот, рече тој.

Друга преживена патничка изјавила дека слушнала „ужаснувачки звук“ пред авионот да почне да паѓа.

-Авионот почна да се навалува. Сето тоа изгледаше како на филм: врисоци, врева, луѓето плачеа, кажа таа.

Британските медиуми наведуваат дека во непосредна близина на аеродромот имало густа магла.

Засега не се знае причината за падот на авиониот, но суспендирани се сите летови на авионот „Фокер 100“. Компанијата „Бек ер“ се уште не ја коментираше несреќата.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски