ВИДЕО: Авион од Дубаи се лизна на пистата во Индија и се преполови – најмалку 14 мртви и над 100 повредени

Од:

Авион на Ер Индија Експрес, Боинг 737, се лизна од авионската писта во индискиот град Керала, информираат локалните медиуми.

Според првичните информации, околу 19:45, при самото слетување на авионот од Дубаи, загубил контрола поради влажната површина на пистата и се преполовил на два дела.

Во несреќата, според досегашните информации, загинале најмалку 14, а над 100 луѓе се тешко повредени.

Во авионот имало 191 лица – 174 возрасни, 10 деца, двајца пилоти и четворица членови на екипажот.

Спасувачките сили пристигнаа на терен каде моментално ги спасуваат останатите патници.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка