Спасувачи успеале да го пронајдат аутистичното момче, 11-годишниот Лук Шамбрук, во Националниот парк Фрејзер во Австралија, кое во петок утрото исчезнало од фармата на своите родители.
-Рекоа дека Лук се чувствува добро, дека е исцрпен, страда од хипотермија и дека дехидрирал -изјавил полицискиот командир Рик Њуџент.
Инаку повеќе од 120 спасувачи учествувале во потрагата по момчето, за кое се претпоставувало дека можеби се удавило во езерото во чија близина подоцна било пронајдено.
Е.Г.