ВИДЕО: Американски напади во Сирија на групите поддржани од Ирак

Од:

САД извршија воздушни напади против групите поддржани од Иран во источна Сирија како одговор на нападот со беспилотно летало во кој загина американски работник и беа повредени пет припадници на војската, соопшти Пентагон.

Во соопштението, Пентагон рече дека „еднонасочно беспилотно летало удрило во објект за одржување на база на коалицијата во близина на Хасака во североисточна Сирија“ во четвртокот попладне, што исто така резултирало со повреда на друг американец.
Според соопштението, „разузнавачката заедница оцени дека леталото е со иранско потекло“.

Секретарот за одбрана Лојд Остин рече дека ги овластил силите на Централната команда на САД да вршат прецизни воздушни напади „против објекти што ги користат групите поврзани со Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ)“ по налог на претседателот Џо Бајден.

„Воздушните напади беа извршени како одговор на нападот, како и на серијата неодамнешни напади врз коалициските сили во Сирија од страна на групи поврзани со ИРГЦ“, рече Остин.

„Како што јасно кажа претседателот Бајден, ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да го одбраниме нашиот народ и секогаш ќе одговориме во време и место по наш избор“, рече Остин.

Според соопштението, на двајца од ранетите војници им била укажана помош на лице место, додека тројца дополнителни војници и американскиот работник биле медицински евакуирани во медицинските установи на коалицијата во Ирак.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија