ВИДЕО: Американски моторџија скокна во смрт, вежбајќи за да сруши светски рекорд

Од:

Мотоциклистот и каскадер од САД Алекс Харвил загинал вчера додека вежбал за да го урне гинисовиот рекорд за најдолг скок со мотоцикл, јавија медиумите. Тој имал 28 години.

Властите од округот Грант во државата Вашингтон, каде се случи несреќата, велат дека денеска треба да биде извршена обдукција врз телото на Харвил.

Тој планирал да го собори светскиот рекорд од скокот на Австралиецот Роби Медисон од 2008, кој изнесува 106 метри. Официјалниот обид за соборување на рекордот исто така бил закажан за вчера, по вежбата кобна за моторџијата.

Харвил бил оженет и татко на две деца, од кои помладото се родило минатиот месец. Тој еднаш веќе бил гинисов рекордер во скок со мотоцикл во далечина, а рекордот го поставил во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Тешко повредени двајца пешаци во Скопје – во едниот удрил мотор, во другиот автомобил

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски