ВИДЕО: Американец погоден од гром имаше голема среќа да се спаси од ударот

Од:

Улични надзорни камери регистриале удар на гром во Американец во градот Спринг, во сојузната држава Тексас.

Алекс Кореас ги шетал своите три кучиња кога бил погоден од молња. Кореас веднаш паднал на земја.

Среќа во несреќа е што инцидентот се случил во близина на болница, а неколку членови на персоналот го виделе ударот на громот и веднаш поитале во помош на човекот.

Кога стигнале до Кореас тој не дишел, облеката му била изгорена, а чевлите и чорапите му излетале од нозете, пренесе Еј-би-си.

Лекарите започнале реанимација и така му го спасиле животот.

Семејството на Алекс Кореас за новинарите изјавило дека тој закрепнува во болница и дека во моментов чувствува големи болки, но се очекува да се опорави.

Веднаш по ударот, преплашените кучиња побегале и полицијата ги пронашла во блиската шума.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски