Американските воздухопловни сили соопштија дека руски борбен авион прелетал „опасно блиску“ до американско беспилотно летало над Сирија и го оштетило со сигнални ракети. Ова е само последен во серијата инциденти меѓу САД и Русија кои се случија на Блискиот Исток, потсетува Си-Ен-Ен.
Американците тврдат дека во неделата руски авион дошол на неколку метри од американскиот дрон MQ-9 Reaper кој учествувал во мисијата против ИСИС над Сирија. Тие додадоа дека еден од руските авиони почнал да испушта сигнални ракети пред американскиот дрон, при што сериозно го оштетил неговиот пропелер.
Екипажот на дронот успеа да го контролира леталото и да го врати во матичната база. „Очигледното непочитување на безбедноста на летот од страна на рускиот ловец ја намалува нашата мисија да обезбедиме траен пораз на ИСИС“, рече генерал-полковник Алекс Гринкевич, командант на Централната команда на воздухопловните сили.
On July 23 Russian military aircraft deployed flares, damaging a U.S. MQ-9 while conducting a defeat-ISIS mission. For the full statement by Lt. Gen. Alex Grynkewich, Commander, 9th AF (AFCENT) visithttps://t.co/5cQm8MQ6aQ@CENTCOM @DeptofDefense @usairforce @CJTFOIR pic.twitter.com/ViVTI3P05i
— US AFCENT (@USAFCENT) July 25, 2023
Беше објавено и видео од инцидентот, на кое се гледа како руски борбен авион се приближува и пука ракети во близина на дронот. Сличен инцидент се случи над Црното Море во март, кога авион Су-27 погоди ист тип на американски беспилотно летало, оштетувајќи го неговиот пропелер.
Се почести се средбите на руските воени авиони и американските беспилотни летала над Сирија. И двете армии дејствуваат во земјата, но со различни мисии. Американската војска учествува во кампањата против ИСИС, додека руската војска го поддржува режимот на Асад.