ВИДЕО: Американците ги блокираа Русите на сред пат во Сирија, напнато било 15 минути

Од:

Медиумите од Сирија пренесуваат дека американските сили го блокирале рускиот воен конвој кој оваа недела поминал низ еден од контролните пунктови на североистокот на Сирија, а е под контрола на американската војска.

Според Сириската опсерваторија за човекови права во Лондон, американските сили одбиле да му дозволат на рускиот конвој да помине низ контролниот пункт во пограничниот град Ал-Маликиа, на североистокот на Ал-Хасака, во нефтеното поле Рамелиан.

Меѓутоа фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека рускиот воен конвој сепак поминал, и продолжил низ нафтените полиња се до ирачката граница.

-Американската патрола се обиде да ги блокира Русите, дојде до блокада на целиот сообраќај но проблемот го решија локалните Курди, извести АХНА Нјуз, курдска новинаска агенција, но без дополнителни детали.

Сириската опсерваторија за човекови права извести дека американските сили се обиделе да го запрат напредувањето на воениот конвој со руска војска кој се состоел од околу 40 возила кои се движеле кон градот Тал Тамр во провинцијата Хасак.

На видеото се гледа дека американската војска го запира сообраќајот на патот помеѓу Хасак и истоименото рурално подрачје.

Сириската опсерваторија тврди дека американските сили одбиле да го пропуштат рускиот воен конвој, кој не бил дел од конвенционалните патроли со турските сили, кои се состојат од две до три возила, туку од 40 возила.

Изворот наведува дека инцидентот предизвикал напнатост но дека посредувале сириските Курди на кои итно им била потребна заштита во Тал Тамр каде биле изложени на напади на исламистичката милиција.

Рускиот конвој поминал низ американскиот воен пункт и стигнал до Тел Тамр, град на североистокот на Сирија со голем процент на христијанско малцинство.

Би можело да ве интересира

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он