(ВИДЕО) Аларм за војна: „Нападот на Иран на Израел може да почне уште денеска“

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе свика состанок на тимот за национална безбедност на кој ќе се разговара за случувањата на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека Бајден ќе разговара и со јорданскиот крал Абдула Втори, пренесе Ројтерс.

Истовремено, американскиот државен секретар Ентони Блинкен им порача на колегите од земјите членки на Г7 дека Вашингтон верува дека иранскиот напад врз Израел може да започне во следните 24 до 48 часа, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на добро информирани извори.

Блинкен разговараше со своите колеги од Г7 поради напорите на САД за деескалација на тензиите во регионот на Блискиот Исток и спречување на избувнување на поширок конфликт.

Со оглед на тоа што САД веруваат дека иранскиот напад врз Израел е неизбежен по убиството на највисоките функционери од либанската милитантна група Хезболах и палестинската милитантна група Хамас минатата недела, Блинкен им рекол на претставниците на Г7 во телефонски разговор дека притисокот врз Техеран да го ограничи нападот е најдобар. начин да се избегне регионална војна.

Блинкен изјави дека САД не го знаат точното време на планираниот ирански напад, но веруваат дека тој би можел да започне уште денес.

Би можело да ве интересира

Гутереш го критикуваше Израел дека го „саботира“ решението за две држави со Палестина

Израелската армија уби Американка – Бајден вели: Израел мора да спречи такви инциденти

Над 40 загинати и голем број повредени во новиот израелски напад во Газа

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Украина до Иран: Не испраќајте балистички ракети во Русија, може да има последици

Предраг Петровиќ