ВИДЕО: 92 годишна жена доби удар во главата од минувач среде Менхетен

Од:

Полицијата во САД го приведе сторителот кој удри 92 годишна жена во Менхетен.

Од видеото може да се види како сега приведениот се движи на Третата авенија во паркот „Gramercy“ околу 3 часот, ја удира жената и продолжува да оди.

Жената кој беше удрена во пределот на нејзината глава е поранешна наставничка која не сака нејзиното име да биде соопштено во јавност поради безбедносни причини.

„Мислев дека е тула или нешто слично“, рече жената. “Ме удри на десната страна од главата и секако паднав на улица удирајќи во хидрант. Имаше неколку млади жени. Тие ми помогнаа. Тие ми рекоа дека се јавиле на брза помош“, додаде таа.

Соседите кој го виделе видеото биле во шок и неверување дека тоа може да се случи во тој дел од градот и побараа од властите сторителот соодветно да биде казнет.

Рашид Бримаг (31) е човекот кој ја повреди жената, според американските медиуми тој сега се наоѓа во притвор откако бил приведен сабајлето во Источен Харлем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Двајца стружани оштетиле неколку возила, а нападнале и полицајци

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел