ВИДЕО: 67 загинати во тајфунoт на Филипините

Од:

Тајфонот Вамко, кој силно ги погоди Филипините и предизвика најголеми поплави и свлечишта во последните неколку години, усмрти најмалку 67 лица, а 12 се водат за исчезнати.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во северниот регион на долината Кагајан, каде службите за итни случаи доставуваат помош по апелите од жителите и локалните власти.

Најсмртоносниот тајфун што ги погоди Филипините оваа година директно влијаеше на животот на повеќе од милион луѓе, а 370.000 од нив мораа да ги напуштат своите домови.

Вамко, кој беше локално наречен Улисес (Одисеј), се упати кон Виетнам по Филипините.

Би можело да ве интересира

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Филипините

Ана Ололовска