ВИДЕО: 35 повредени и двајца загинати во железничка несреќа во Португалија

Од:

Во тешка железничка несреќа во Португалија, загинаа две лица, а повредени се 35, пренесуваат локалните медиуми во земјата.

Несреќата се случила во областа Коимбра, кога брз воз, кој патувал кон северот на земјата, се судрил со машина за одржување на пруги.

Портпаролот на спасувачката служба за „Ројтерс“ изјави дека два медицински хеликоптера, со 163 спасувачи, вклучително и пожарникари, стигнале на местото на несреќата. Во возот патувале 240 лица од кои 30 патници се здобиле со полесни повреди, додека петмина се наоѓаат во тешка здравствена состојба.

Како што изјавиле сведоци на несреќата, по несреќата имало паника и се слушнале вресоци од патниците, а според португалските медиуми, неколку лица останале заглавени во возот.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија