ВИДЕО: 28 загинати во страшна автобуска несреќа во Португалија

Од:

Автобус со 50 туристи се преврте и излета од патот на португалскиот остров Мадеира.

Локалните медиуми известуваат дека има 28 загинати, а се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем.

Официјалните лица велат дека информациите за бројот на жртвите се уште не се сигурни, иако локалните медиуми веќе известија дека се загинати 11 мажи и 17 жени и сите се туристи од Германија.

Десетина екипи на брза помош се на местото на несреќата, а спасувачите ги извлекуваат телата на настраданите и повредените.

Овој португалски остров е исклучително популарна туристичка дестинација и годишно го посетуваат околу милион и пол луѓе од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија