(ВИДЕО) 28-годишна жена го изврши масакрот во училиштето во Нешвил: Убиени се шестмина, три од нив деца

Од:

Во пукањето во приватно христијанско училиште во Нешвил, Тенеси, загинаа најмалку три деца и тројца возрасни, а неколкумина беа повредени. Полицијата пристигнала на местото и го убила напаѓачот – 28-годишна жена од Нешвил. Нејзиниот идентитет или мотивот за нападот се уште не се познати.

Таа била вооружена со најмалку две пушки и пиштол. По нападот, три деца поради прострелни рани биле пренесени во детската болница Монро Карел Јуниор. во Вандербилт, каде што е прогласена за мртва, јави Си-Ен-Ен. Полицијата верува дека напаѓачот некогаш бил ученик во училиштето Ковенант. „Според моите првични наоди, таа во еден момент беше ученичка во тоа училиште“, рече началникот на полицијата во Метро Нешвил, Џон Дрејк. Тој додаде дека не е сигурен во која година посетувала училиште.

„Имаше пукање во училиштето Ковенант во Бартон Хилс. Напаѓачот е елиминиран од полицијата“, објави полициската станица Метро Нешвил на Твитер, а пренесе Скај њуз.

Пожарникарите соопштија дека на местото на настанот пронашле „многу повредени“. На родителите на учениците им било кажано да се соберат во блиската црква. Други детали не се познати. Приватното училиште Covenant има околу 200 ученици од предучилишна до шесто одделение, а е основано во 2001 година како дел од Презвитеријанската црква.

„Засега знаеме дека загинаа тројца ученици и тројца возрасни. Работиме на идентификување на жртвите. Вклучувајќи го и напаѓачот, најмалку седум лица загинаа во инцидентот“, изјави полицаецот Дон Арон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски