Вестервеле: Германија е подготвена за сириски бегалци

Од:

Германија начелно е подготвена да прими сириски бегалци кои ја напуштиле државата поради граѓанската војна, изјави германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле, додавајќи дека тоа мора да биде сторено во меѓународни рамки.

„Германија во принципи е подгорена да прими бегалци од Сирија“, изјави Вестервеле за весникот „Рајнише пост”.

Тој предложи усвојување на координационен план со Обединетите нации, Европската унија и организациите за помош на бегалци.

Турција, која се бори со прилив на над 100.000 бегалци од Сирија, ја повика на помош Европа, а Европската унија соопшти дека ќе продолжи да и помага на Анкара, но не даде ниту еден конкретен предлог каде би можела да прими бегалци.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис