Вес Мичел поднесе оставка

Од:

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини.

„Две години од почетокот на оваа администрација чувствувам дека го завршив сето она што го планирав кога ја презедов функцијата“, напиша Мичел. Според тоа, како што вели самиот, дошло време да поминува повеќе време со семејството, кое во изминатите месеци било многу време без него.

Како што објави „Вашингтон пост“, Мичел оставката му ја поднел на државниот секретар Мајк Помпео на 4 јануари, а последен ден на работа ќе му биде 15 февруари. Со оставката на Мичел во Стејт департментот се испразнува уште едно место на висок функционер. Моментно, 6 од 24 места чекаат потрвда од Сенатот.

За време на 16-те месеци што ги помина во европското биро во Стејт департментот, Мичел беше одговорен за односите со 50 држави и организации, како што се и НАТО и ЕУ. Мичел беше голем поддржувач на Македонија и на договорот од Преспа.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија