Вершинин: Курдските сили почнаа со повлекување од северна Сирија

Од:

Курдските сили почнаа со повлекување од подрачјето во близина на турската граница во Сирија, изјави денеска заменик рускиот министер за надворешни работи Сергеј Варшинин, јавија руските медиуми.

-Со задоволство забележуваме дека се спроведува договорот постигнат во Сочи. Се се спроведува, рече Вершинин.

Руските медиуми претходно, повикувајќи се на извор во руското Министерство за одбрана, соопштија дека Русија за една недела во Сирија ќе испрати 276 воени полицајци и воена опрема.

Москва веќе испрати одреден број воени полицајци во пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија, врз основа на спогодбата постиганата во вторникот меѓу претседателите Путин и Ердоган.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети