Верниците се враќаат на Ѕидот на плачот во Ерусалим

Од:

Верниците се враќаат на Ѕидот на плачот во Ерусалим, додека најсвето место за молитва во јудаизмот постепено повторно се отвора под олеснети мерки за спречување на епидемијата на коронавирусот.

Според ревидираните правила, до 300 посетители истовремено можат да пристапат до Ѕидот на плачот, со задолжително носење заштитна маска за лице.

– Верниците кои толку копнееја да ги посетат светите камења и да се молат пред нив, можат да се вратат на Ѕидот на плачот, придржувајќи се до мерките пропишани од Министерството за здравство, изјави главниот рабин на таа локација, Шмуел Рабинович.

Но, просторот за молитви, кој привлекува илјадници луѓе во екот на верските празници, сега е поделен со прегради, создавајќи привремени оддели, во кои можат да застанат до 19 верници.

За еврејската молитвена пракса потребен е кворум од 10 верници.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ