Страшни сцени од судир на 42 возила во Унгарија

Од:

Денеска околу 14:30 часот на автопатот М1 кај Будимпешта во правец кон главниот град на Унгарија дошло до верижен судир во кој учествувале 37 автомобили и пет камиони.

На терен за неколку минути пристигнале 70 пожарникари од седум града.

– Кога пристигнале пожарникарите, од вкупно 42 возила кои учествувале во несреќата, целосно изгореле 19 автомобили, 1 комбе и кабината на камион. Пожарникарите имаа многу сложена задача на лице место, бидејќи мораа да спречат понатамошно ширење на пожарот, како и да организираат потрага по патници заробени во возилата – изјави Анет Сабо-Бизтрич, портпарол на Управата за катастрофи на округот Фејер.

Како што информираат од унгарската полиција, во несреќата изгореле 19 возила.

Брзата помош мораше да згрижи десетици повредени лица. Неколкумина беа пренесени со спасувачки хеликоптер.

Повредени се 36 лица, едно лице е во животна опасност, а 13 од нив се здобиле со тешки физички повреди.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон