Верешчук: Над 1000 украински борци се уште се во челичарницата Азовстал

Од:

Од украинското раководство денеска соопштија дека повеќе од 1.000 украински војници, од кои многумина се ранети, се уште се наоѓаат останати во подрумите и скривниците на огромната фабрика за челик Азовстал во пристанишниот град Мариупол, што е под руска контрола.

-Повеќе од 1.000 украински војници остануваат во фабриката, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.

„Стотици се повредени. Има луѓе со тешки повреди на кои им е потребна итна евакуација. Со секој изминат ден ситуацијата се влошува“, додаде украинската вицепремиерка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ