Венецуелската армија ги ослободи своите војници кои беа киднапирани на границата со Колумбија

Од:

Венецуелската армија ги ослободи осумте војници кои на почетокот на мај беа киднапирани од страна на колумбиските вооружени групи во близина на меѓудржавната граница.

Според изјавата на венецуелските воени авторитети, операцијата „Столетен орел“ била изведена вчера и нивните војници се безбедни.

Во судирите на границата, што траат од 21 март, досега загинаа 16 војници, а неколку илјади цивили ја напуштија областа.

Венецуела и Колумбија, кои делат граница долга 2.200 километри, ги прекинаа дипломатските односи во 2019 година кога Богота го призна лидерот Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски