Венецуела: Штрајк против Мадуро ја парализира државата

Од:

Улиците ширум Венецуела денеска се празни и по нив се поставени барикади поради штрајк на противниците на претседателот Николас Мадуро.

Опозицијата бара распишување претседателски избори и откажување од новиот конгрес за кои велат дека само ќе ја „зацврсти диктатурата“.

Затворени се многу фирми на ден кога опозицијата повика на 24-часовно запирање на работата ширум државата од шест часот наутро за да се зголеми притисокот врз владејачката Социјалистичка партија.Блокадите на улиците парализираа голем дел и од Каракас, а запрени се и одделни автобуски линии

Опозицијата повика на штрајк откако во минатиот викенд на неофицијален референдум речиси третина граѓани на Венецуела гласаа против Мадуро и неговите планови на 30 јули да одржи гласање за формирање Уставотворно собрание кое би го променило Уставот.

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ако Мадуро наметне Уставотворно собрание, Вашингтон ќе преземе „силни и брзи економски санкции“.

Планот на Мадуро го осудија ЕУ, ОН и Организацијата на американски држави како и Католичката црква.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски