Венецуела ќе запре со испорака на нафта за Парагвај

Од:

Венецуелскиот претседател Уго Чавес изјави дека неговата земја ќе запре со испораката на нафта за Парагвај во знак на протест против одлуката за разрешување на досегашниот парагвајски претседател Фернандо Луго.

Според Чавес разрешувањето на Луго е незаконско и Венецуела нема да ја признае новата парагвајска влада.

Одлуката на парагвајскиот Парламент за разрешување на Луго предизвика силно несогласување во Латинска Америка.

Аргентина, Бразил, Венецуела, Еквадор, Колумбија, Уругвај и Чиле ги повлекоа своите амбасадори од Парагвај поради разрешувањето на Луго, а Перу планира да го стори тоа во брзо време.

Јужноамериканската регионална организација Меркосур го лиши Парагвај од правото да учествува во претстојниот форум во Аргентина на 28 и 29 јуни.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски