Венецуела и Куба со жестока критика за САД на Генералното собрание на ОН

Од:

Венецуелскиот претседател , Николас Мадуро, кого истражителите на ОН го обвинуваат дека е одговорен за „злосторства против човештвото“, вчера го повика светот да се бори против „хегемонијата“ и „империјалистичките идеи“.

Критикувајќи го „светот на хегемонијата и империјализмот“ во својата видео порака на виртуелниот самит на 75-то Генерално собрание на ОН, Мадуро истакна дека светот мора да биде „обединет во борбата против пандемијата“.

-Венецуела е посветена на мултиполарниот свет, на обновениот систем на ОН, на системот што знае како да го спроведува меѓународното право и да ги штити народите во светот, рече тој, критикувајќи ги нападите на САД врз Светската здравствена организација, не именувајќи ги токму нив.

„Сега не е време да се навредува и заканува СЗО, сега е време да се обединиме за негово добро“, рече тој.

-Светот беше поразен од фашизмот пред 75 години. Светот ќе ги победи и оние кои сакаат да наметнат хегемонија и империјалистички идеи, светот ќе го победи неофашизмот и ќе изгради нов свет без хегемонија, свет што ќе му припаѓа на народот, рече претседателот на Венецуела, на кого легитимитетот не му го признаваат многу земји од светот.

Предвидено е Никола Мадуро утре повторно да одржи виртуелен говор во ОН по повод годишното заседание на Генералното собрание, на кое тој не е физички присутен од 2018 година.

Шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригез Парила, исто така, во својата видео порака настапи со критика за САД.

-На оваа 75-годишнина од ОН, мултилатерализмот и меѓународното право се загрозени од најголемите светски сили. Неодговорното однесување на САД е најголема закана за мирот и меѓународната безбедност, рече тој.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он