Велика Британија за два месеци ќе понуди засилувачка доза на вакцина за сите постари од 18 години

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека целта на Владата е да им понуди на сите возрасни бустер доза на вакцина против коронавирус до крајот на јануари и ги повика Британците да продолжат со борбата против новата варијанта на вирусот – Омикрон.

– Секој ден нашите научници дознаваат повеќе за овој нов сој на коронавирусот, рече шефот на конзервативната влада на прес-конференција во Даунинг стрит.

– Но, има нешто во што сме сигурни, а тоа е дека најдобрата одбрана од вирусот е вакцината, додаде Џонсон.

Британската Влада уште вчера соопшти дека бустер дозата ќе им биде понудена на сите постари од 18 години и оти интервалот помеѓу втората и третата доза ќе се намали од шест на три месеци.

Џонсон денеска изјави дека целта е до крајот на јануари секому да може да се понуди бустер доза.

Земја која беше меѓу најтешко погодените од пандемијата со скоро 145.000 смртни случаи, Велика Британија сега има повеќе од 80 отсто двојно вакцинирани меѓу населението на возраст над 12 години, додека засилувачка доза примиле 31,1 отсто од тој сегмент на населението.

Досега се пријавени 13 случаи на Омикрон во Англија и девет во Шкотска, но се очекува овој број да се зголеми во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он