Велика Британија утре добива нов премиер

Од:

Во Велика Британија утре ќе биде објавен резултатот од гласањето на членовите на Конзервативната партија за нов партиски лидер. Исто така ќе биде познато дали поранешната министерка за надворешни работи Лиз Трас или поранешниот министер за финансии Риши Сунак ќе го замени Борис Џонсон на премиерската функција.

По три месеци кампања околу 200.000 членови на Конзервативната партија по пошта гласаа за наследник на Џонсон, кој на 7 јули беше принуден да поднесе оставка по неколку месечните скандали.

Според анкетите фаворит за лидерското место во партијата и за премиерската функција е Трас.

Утре во 12 часот и 30 минути по локално време ќе бидат објавени резултатите од гласањето за нов лидер на Конзервативната партија.

Во вторник британската кралица Елизабета Втора во замокот Балморал во Шкотска ќе го прими и ќе го именнува новиот лидер на ториевците за премиер на Велика Британија.

Претходно Џонсон ќе се обрати од „Даунинг стрит 10“, а потоа ќе отпатува за Шкотска да ја поднесе оставката до кралицата. Потоа новиот лидер на Конзервативна партија ќе се сретне со кралицата, која ќе побара да состави нова влада. Новиот лидер на ториевците ќе се врати во Лондон и ќе се обрати од „Даунинг стрит 10“ и ќе ги објави имињата на министрите во новата британска влада.

Првата седница на новата британската влада ќе биде на 7 септември.

За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора сменети се 14 премиери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он