Велика Британија не издава дозволи за извоз на оружје во Турција

Од:

Британската Влада соопшти дека планира да го го суспендира издавањето дозволи за извоз на оружје во Турција поради загриженоста што ја предизвикува воената операција на Анкара во северна Сирија.

Британскиот министер за надворешни работи Доменик Раб во Долниот дом изјави дека Велика Британија ќе спроведе „многу внимателна и континуирана“ контрола на извозот во Турција.

Тој дополни дека официјален Лондон ја повикал Турција да покаже „максимална воздржаност и да ја запре својата унилатерална воена акција“.

– Ова не е акција која би очекувале од сојузник. Акцијата е невнимателна, контрапродуктива и оди во прилог на Русија, односно на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјави Раб.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани