Велика Британија и Ирска додадени на забраната за патување од Европа во САД

Од:

Забраната за летови од континетална Европа во САД, в понеделник се надополнува со Велика Британија и Ирска, изјави потпретседателот Мајк Пенс на денешниот брифинг во Белата куќа по повод состојбите со ширењето на коронавирусот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави во средата забрана за летови од 26 држави во Европа, членки на Шенген зоната.

-Во обид да се спречи таква епидемија како во Ебропа, кон оваа забрана од понеделник се приклучуваат и Велика Британија и Ирска, изјави Пенс.

Во моментов во САД има повеќе од 2.100 потврдени случаи на коронавирус, додека починати се 50 лица.

Стејт департментот вчера го повика кинескиот амбасадор во Вашингтон да му врачи протестна нота по коментари од кинески дипломат дека американската војска можеби го донела вирусот во Кина.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“