Велика Британија го укинува карантинот за патниците од 75 земји

Од:

Британската Влада се откажа од планот за воспоставување воздушни мостови и ќе го укине задолжителниот карантин за патници од 75 земји, јави „Телеграф“.

Весникот пишува дека Велика Британија наскоро ќе ја укине забраната за патувања кои не се неопходни за речиси сите дестинации во ЕУ, британските територии Бермуда и Гибралтар, како и Турција, Тајланд, Австралија и Нов Зеланд.

– Како што рековме претходно оваа недела, ќе ги олеснуваме здравствените мерки на границата и ќе им овозможиме на патниците од одредени земји и територии да влегуваат без обврска за самоизолација, рече портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Велика Британија минатиот петок објави дека ќе го укине двонеделниот задолжителен карантин за луѓето што пристигнуваат од земји како Франција, Грција и Шпанија.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници